Ако сте од оние што особено сакаат природни материјали и нежни, земјени тонови во ентериерите, ние дефинитивно ви предлагаме да обрнете внимание на ратанот – безвременски материјал кој стана апсолутна ѕвезда во последно време кога станува збор за дизајнот на ентериер.
Ратан е материјал кој секогаш доаѓа во ненаметливи и неутрални нијанси, поради што е исклучително лесно да се вклопи во просторија што ќе му даде посебен шарм и доза на бохо енергија. Со оглед на зголемената понуда, парчиња ратан или деталите навистина можат да се користат во сите простории денес; без разлика дали е во дневната соба, спалната соба или бањата или терасата – може да се види во најразлични дизајни. Овие разноврсни плетени парчиња ја должат својата популарност на големото враќање на природата во енетриерните решенија, како и на зголемување на свеста кога станува збор за зачувување на животната средина и органско производство и одржливост воопшто. Така, од ратан има најразличен мебел, па дури и лустери,разновидни детали за пријатно чувство во вашиот дом!
Подолу, ви истакнавме детали и парчиња кои може да се вклопат во вашиот ентериер.






















