Moment Factory ја претстави својата мултимедијална инсталација AURA во Нотрдам базиликата во Монтреал.

AURA беше 45 – минутен спектакл кој ја исполни уметноста и архитектурата на базиликата со комбинација на звук, осветлување и проекции кои беа распространети низ целиот црковен ентериер. Целта на инсталацијата е да го прикаже визуелно чувството на возвишеност, кое на посетителите им дава нова перспектива на убавината на базиликата од 19-тиот век.

Moment Factory посочува на тоа дека со самата инсталација се цели да се искористи енергијата на базиликата во својата константна трансформација, шепотите го екпресираат ехото од минатото, а срцебиењата го карактеризираат пулсот на светлина која се трка во самиот простор. Базиликата се открива себе си преку јазикот на сетилата. Секој ќе ја почувствува на свој, индивидуален начин. AURA инспирира чувство!

Целиот проект се работел една година. Прво се направил комплетен 3D скен на местото, за со сигурност да вклопат совршено деталите на ентериерот со проекцијата. Потоа се работело на звукот и визуелноста на самата инсталација.

Како Вам ви се допаѓа ова?

Image may contain: indoor

Image may contain: indoor

Image may contain: night and indoor

Image may contain: indoor

Image may contain: outdoor

Image may contain: night

Image may contain: indoor

Image may contain: indoor

Image may contain: indoor

Image may contain: one or more people and indoor

Image may contain: indoor

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрва работа што блогерките за убавина ја прават наутро!
Следна објаваНеделен хороскоп од 06.11 -12.11.2017 година!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР