ОВЕН

Работа

Со доза на резерва, прифатете го ветувањето на вашиот шеф или некое друго влијателно лице. Доколку сте во емотивна врска со таа личност, ќе морате да се потрудите повеќе, за да дојдете до помош и исполнување на вететното.

Љубов

Почетокот на неделата, може да ви донесе повеќе обврски, кои треба да ги направите надвор од домот. Преку тие активности, би можело да дојде до средба и неочекувано познантсво со униформирано лице, кое во даден момент ќе ви понуди помош.

Здравје

Добро.

БИК

Работа

Неколку значајни, позитивни влијанија ве поддржуваат во полето на астролошката кариера. Ако сте биле трпеливи и постепено ја отворавте вратата на успехот една по една, сега можете да направите важна и мудра одлука и да потпишете значаен договор.

Љубов

Вие сте многу рационални во врската или бракот, како и во изборот на нов партнер. Подготвени сте да чекате на поволен момент, кој нема да го пропуштите. Ако сте биле осамени долго време, доаѓате во контакт со лице кое е сталожено, одмерено во се, а вам ќе ви посвети големо внимание.

Здравје

Ви треба повеќе одмор и спиење.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Непредвидени околности или неочекувани средби ќе дејствуваат на вас како будилник. Сето она што ви внесе немир и неизвесност, ќе исчезне за момент.

Љубов

Оваа недела ќе ја карактеризираат спојувањата. Влегување во брак, живеење заедно или остварување на љубовни очекувања преку нов однос, како и враќање на старата љубов.

Здравје

Чувствително места се вашиот стомак и вашите уши. Земете ги за сериозно овие проблеми, ако се случат.

РАК

Работа

Цврсто застанете зад својот став, но не преку расправии и конкуренција. Со помалку коментари, преку конкретни изјави, ќе ја зачувате вашата позиција.

Љубов

Со цел да дојдете до најдобрите решенија во врската или бракот, неопходно е да се адаптирате на партнерот. Присутно е влијание, кое ве опоменува да не претерувате во вашите барања. Врската која е на самиот почетокот, а партнерот често патува, или прифатете ја како неизбежност или откажете се на време.

Здравје

Бидете внимателни во домот, може да имате повреда при одење на влажни плочки.

ЛАВ

Работа

Влеговте во период кој најавува промени на работа или се работи за добивање работа преку влијателно машко лице. Ако имате можност да изберете помеѓу две варијанти, бидете практични и непристрасни.

Љубов

Среќа и задоволство во бракот. Новите планови внесуваат радост во односите. Одличен ефект ќе постигнете со одлуката и уплатата за зимување.

Здравје

Ако водите одредена диета, што не ви се допаѓа, сигурно ќе имате проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

Работа

Девиците се опуштени и задоволни со себе. Сè им оди рака, особено кога станува збор за кариерата. Тие се чувствуваат ценети од страна на нивните соработници, а нивните деловни цели лесно ги постигнуваат.

Љубов

Симпатиите што беа лансирани на работното место оваа недела се во некаква стагнација. Можеби партнерот е на службено патување или сте неспособни да започнете нешто ново и да дојде до состанокот.

Здравје

Бидете умерени во сите аспекти на уживање. Алкохолот не ви се препорачува.

ВАГА

Работа

Конечно ќе најдете хармонија меѓу желбите и можностите. Подготвени сте да го отфрлите сето она што на кој било начин, ги успорувало вашите секојдневни деловни активности. Се повеќе си верувате самите на себе.

 Љубов

Важните љубовни приказни треба да се завршат. Дали се впуштате во нова врска со старата симпатија, планирате да влезете во заеднички живот, или пак дефинитивно се оддалечувате од вашиот партнер?

Здравје

Можни проблеми со циркулацијата во нозете од колената па надоле, или од неудобни обувки.

ШКОРПИЈА

Работа

Не се потпирајте на ветувањата на една влијателна личност. Тој ветува многу повеќе отколку што може или сака да исполни. Сè што очекувате од оваа личност, самото ќе се намести. Сигурно ќе ви биде дадена уште една шанса, ако не оваа недела, тогаш наскоро.

Љубов

Односите се подобруват во бракот или во врската. Ве напушта несигурноста и недоверба кон вашиот партнер. Едноставно, само не се враќајте на старата тема, поради што вашата врска беше во криза..

Здравје

Можни силни алергијски реакции.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Во разговор со членовите на вашето најблиско семејство, решавате важни дилеми поврзани со бизнисот. Подготвеноста на откажувања, напорна работа во корист на амбициите, носи одлични резултати.

Љубов

Необјаснета внатрешна сила ве влече кон старите пријатели и места што некогаш сте ги уживале со задоволство. Преку старото друштво ќе можете да добиете нови познаници и целосно различни луѓе.

Здравје

Вишокот на енергија кој го чувствувате, фокусирајте го на позитивни активности.

ЈАРЕЦ

Работа

Кога одите на работа, оставете ги сите ваши проблеми дома. Оваа недела бара зголемена концентрација на работното место.

Љубов

Максимална претпазливост е потребна во тајните врски, со цел да се избегне срам, па дури и скандал. Стапувањето во врска со зафатена личност од вашето соседство, само ќе го комплицира вашиот живот и ќе ви донесе разочарување. Ве советуваме да бидете повнимателни при изборот на идниот партнер.

Здравје

При поголеми активности, постапувајте според вашата возраст и физички способности.

ВОДОЛИЈА

Работа

Еден колега, кој е значително постар од вас, ќе влијае врз постигнувањето на договор за менување на работното место или за решавање на проблемите кои траат долго време. Желбата за брз успех, моментално е недостижна.

Љубов

Целото вашето внимание е фокусирано на љубовниот живот. Се чувствувате добро, затоа што ве прати долг период на среќа во ова поле. Каде и да се појавите, оставате добар впечаток, а додворувањата се значително засилени.

Здравје

Објективност во желбите и времето.

РИБИ

Работа

Следува обновување на контакти со влијателни луѓе од минатото, што би можело да има корисен ефект врз исполнување на амбициите.

Љубов

Средба на јавно место, иницира комуникација со поранешен партнер. Враќање на врската, може да донесе многу складни односи. Потребна е трпеливост.

Здравје

Вашите заби, ‘рбетот и зглобовите се чувствителни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAURA | Мултимедијална инсталација на Базиликата Нотрдам во Монтреал
Следна објаваНеделен репертоар на Драмски театар (06.11. – 12.11.2017)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР