Moment Factory ја претстави својата мултимедијална инсталација AURA во Нотрдам базиликата во Монтреал.
AURA беше 45 – минутен спектакл кој ја исполни уметноста и архитектурата на базиликата со комбинација на звук, осветлување и проекции кои беа распространети низ целиот црковен ентериер. Целта на инсталацијата е да го прикаже визуелно чувството на возвишеност, кое на посетителите им дава нова перспектива на убавината на базиликата од 19-тиот век.
Moment Factory посочува на тоа дека со самата инсталација се цели да се искористи енергијата на базиликата во својата константна трансформација, шепотите го екпресираат ехото од минатото, а срцебиењата го карактеризираат пулсот на светлина која се трка во самиот простор. Базиликата се открива себе си преку јазикот на сетилата. Секој ќе ја почувствува на свој, индивидуален начин. AURA инспирира чувство!
Целиот проект се работел една година. Прво се направил комплетен 3D скен на местото, за со сигурност да вклопат совршено деталите на ентериерот со проекцијата. Потоа се работело на звукот и визуелноста на самата инсталација.
Како Вам ви се допаѓа ова?