Една од најголемите и најпрестижните светски награди во областа на архитектурата, градежништвото, дизајнот на ентериери и бизнисот со недвижности, International Property Awards, која од 1993 година ја наградува професионалната уникатност на сите континенти, ја доби хрватскиот признат, млад архитект Анте Врбан, дури во две категории.

Имено, на доделувањето на наградата која традиционално секоја година се одржува во Лондон, а која на едно место собира околу петстотини дела од најафирмираните европски архитектонско-дизајнерски студија, Врбан триумфираше во дури две категории за 2022/23 година.

За неговиот живописен стан во центарот на Шибеник, тој победи во категоријата Residential Interior Private Residence и со тоа официјално му ја донесе титулата најубав приватен имот во Европа, додека за еден од неговите понови проекти, модерното реновирањe на Поликлиниката Rotim, се стекна со признание во категоријата Public Service Interior.

Погледнете го станот во Шибеник за кој архитектот Анте Врбан доби престижна награда.

Конкуренцијата била особено силна во вториот дел, имајќи предвид дека жирито било  составено од дури 42 меѓународни судии, меѓу кои, на пример, Yama Karim, партнер во њујоршкото архитектонско и дизајнерско студио Libeskind и Matt Gaskin, директор на Факултетот за архитектура на Универзитетот Oxford Brookes, каде избирале меѓу повеќе од 350 поднесени проекти.

Реткост е, исто така, треба да се истакне, во речиси триесетгодишната историја на оваа престижна награда, еден архитект, во рамките на истата награда, да добие признание во неколку категории, со што Врбан се вброи во самиот крем на европската архитектура на new age и секако му отвори многу врати за некои идни проекти.

Поликлиника Rotim

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕгипетската актерка Самиха Ајуб испрати порака по повод Светскиот ден на театарот
Следна објаваДочекајте ја пролетта со прекрасен пролетен маникир
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ