На само два блока од плажата, оваа куќа во Калифорнија бара нови сопственици.
Прекрасната куќа во Санта Моника се простира на 470 квадратни метри простор за живеење со екстериери кои го одземаат здивот. Куќата има четири спални соби и пет бањи, а прекрасните карактеристики вклучуваат водопади, бујни градини, варовнички ѕидови со поделени површини, цврсто тиково дрво и органски материјали. На отворено, опкружена со зеленило, има езерце, бања и гаража за два автомобили.
Изградена во 2009 година од LEED сертифициран градител Sorensen Architects, домот отелотворува комбинација на убавина, одржливост и иновативен дизајн. Куќата ги обединува сите елементи – земја, воздух, оган и вода и нуди беспрекорна, приватна оаза во срцето на кањонот Санта Моника.
Архитектонското богатство има античка порта и камин украсен со акценти на индонезиски корали.Величествениот простор сличен на одморалиште има и терацо подови, челични врати, приспособени италијански стаклени лифтови и подвижни покриви.
Со својата софистицираност и еколошки освестени детали, оваа куќа се рекламира на пазарот како една од највпечатливите и најинтересните во Лос Анџелес,а се продава за 9,5 милиони долари.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваАвтопортрет – Владимир Георгиевски
Следна објаваChanel: Женственоста никогаш не изгледала помеко и помоќно во исто време
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ