КИЕВСКИ СТАН ВО СТАКЛО

Нов компактен стан во стакло во срцето на Украина …

Најновиот тренд во светот на ентериерот е секако, трансформација на минијатурни станови во компактни простори за живеење. Овој пример е успешно следен од страна на компанијата Мартин Архитекти, со своето ремек дело во Киев.

Целиот простор за живеење од 45 квадратни метри е редизајниран така, што дише со просторност и минималистички, модерен дух. Спалната соба е затворена со стакло, што помага да се одржи просторот компактен, но наизглед и космички.

Image result for martin architects kiev

Image result for martin architects kiev

Транспарентноста е загарантирана со оптички илузии создадени од огледала и бројни прозорци. Зад двата стаклени ѕида има дополнителен простор, спакуван во еден агол. За приватност, завесите може да се навлечат внатре во “спалната соба”. Инаку, станот функционира како единствен отворен простор.

Image result for martin architects kiev

Подот е исполнет со широки дрвени плочи во бледи нијанси, а ѕидовите се обоени во блескавo тиркизни и сиви тонови, создавајќи одличен контраст со сtаклениот дел. Црниот ѕид од тули е поделен на два дела, кујна и работeн дел, што го прави овој стан навистина мултифункционален.

Image result for martin architects kiev

Image result for martin architects kiev

Ова студио е опремено со луксузна бања, каде што централниот фокус е повторно ставен на стаклото. Сите љубители на едноставни линии кои сакаат да уживаат во секој сончев зрак, ќе уживаат тука, дури и за време на студените украински зими.

Image result for martin architects kiev

Image result for martin architects kiev

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTimberland – Flyroam есен/зима 2017
Следна објаваPortrait – луксузен хотел во срцето на Фиренца!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР