Timberland, бренд со богато наследство, кој секогаш се стреми кон иднината и иновациите, оди уште еден чекор напред со колекцијата Flyroam – обувки специјално создадени за истражување на урбаниот пејзаж.

Со авантуристичка природа, Timberland го носи духот на природата во градската средина преку современо дизајнирани обувки направени за оние кои не се плашат да одат по најпредизвикувачките патеки.

Flyroam ја комбинира минималистичката естетика со модерен, андерграунд дизајн кој одлично се вклопува со карактерот на брендот. Лесни и слободни, Flyroam патиките се совршени за динамичното секојдневие на градскиот живот.

Вградената и патентирана AeroCoreÔ технологија овозможува баланс на тежината која паѓа на стапалото и зголемување на флексибилноста. Дизајнот кој е фокусиран на подобар перформанс го минимизира притисокот во моментот кога стапалото ја допира подлогата и преку специјален гумен меѓу-ѓон со специјално полнење овозможува сосема ново искуство во креирањето на Вашите урбани приказни.

Харизматични и кул во секој детаљ, Flyroam се стремат да бидат уште една од иконите на Timberland, а ги обожуваат оние кои сакаат да бидат лесни, брзи и слободни. Дали сте и Вие едни од нив?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвој кармин за усни е чиста магија!
Следна објаваНов компактен стан во стакло во срцето на Украина!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР