Холивудските глумици без шминка за календарот на Pirelli 2017!

peter1

Peter Lindbergh за Pirelli // Nicole Kidman

Втора година по ред, Pirelli ги отфрла вообичаените секси изданија. Тукушто го издаде својот 44-ти годишен календар за 2017 година. Минатата година Annie Leibovitz му даде нов правец на проектот и ги собра инспиративните жени од различна возраст, како Yoko Ono, Serenа Williams, Patti Smith и Amy Schumer; а оваа година Peter Lindbergh, стана прв фотограф кој има фотографирано дури три календари на Pirelli.

peter2

Peter Lindbergh за Pirelli // Uma Thurman

Овогодишното издание е прво, кое во потполност е – неретуширано! Lindbergh собра дури 14 свои омилени жени од Холивуд: Nicole Kidman, Lupita Nyong’o, Uma Thurman, Lea Seydoux, Rooney Mara, Kate Winslet, Robin Wright, Julianne Moore, Alicijа Vikander, Charlotte Rampling, Zhang Ziyi, Penelope Cruz, Jessica Chastain и Helen Mirren. Lindbergh ја вклучи и Anastasijа Ignatovа, руска професорка по политикологија, која ја запознал на една вечера минатата година. Сите жени се снимени во природно изадние, под име “Emotional” и доаѓаат во црно-бело издание.

peter3

Peter Lindbergh за Pirelli // Julianne Moore

peter4

Peter Lindbergh за Pirelli // Robin Wright

Новиот календар на Pirelli е враќање кон природната убавина и вистинските жени. Сите модели се фотографирани помеѓу Калифорнија, Њујорк, Лондон, Париз и Берлин, во изминативе 2 месеци. Овие жени, со потполна доверба се предадоа пред објективот на Lindbergh, кој повеќе од 40 години од жените го извлекува најдоброто!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерна алпска куќа создадена за мир и контемплација!
Следна објаваСупермоделот Bella Hadid е новото заштитно лице на Nike!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР