Кога станува збор за храната во Шпанија, дефинитивно најпознатото јадење е Паеља, додека кога станува збор за најпопуларниот шпански пијалок, тогаш станува збор за Сангрија. Овој пијалок на база на вино е совршен пијалок за топлите летни денови бидејќи е многу освежителен.
Сите љубители на слатки пијалоци ќе го обожуваат пијалокот Сангрија.
Покрај тоа што визуелно е многу убав, овој напиток е вкусен бидејќи содржи различни овошја. Во продолжение ви го даваме рецептот за шпанската Сангрија во која можете да уживате ова лето. Можете да направите Сангрија со или без алкохолни пијалаци.
Се одлучивме за Сангрија без жесток алкохол бидејќи сме сред лето …
Рецепт за Сангрија
Состојки:
– 1,75 литри црвено вино
– половина литар сок од портокал
– исцеден сок од еден лимон
– сезонско овошје по избор: праска, нектарина, јаболко, грозје…
Во бокалот додадете вино, сок од портокал и лимон. Исечете го овошјето на коцки и ставете го во бокал. Додадете мраз во бокалот и сè добро измешајте.