Народните поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се она што нè опкружува.

  • Додека цути липата, преполна е со пчели.
  • Слогата во семејството е најголема среќа.
  • Одбрани ме, Боже, од лудите пријатели, а од непријателите сам ќе се одбранам.
  • Жив човек сè ќе направи.
  • И кога ќе се излечи раната се познава белегот.
  • Кој бара пријател без маана, ќе остане без него.
  • Сè во свое време.
  • Додека човекот е здрав, и водата му е слатка.
  • Весело срце – половина здравје.
  • Ѕидот го урива влагата, а човекот грижата.
  • Здравиот на болниот не му верува.
  • Оцетот најмногу го гризе своето буре.
  • Секоја кашлица не доаѓа од студот.
  • Здравите заби се белег на длабока старост.
  • Кашлицата и сиромаштијата не можат да се сокријат.
  • Нема полоша болест од гладот.
  • Жени го синот кога сакаш, а ќерката мажи ја кога можеш.
  • Од првата среќа не се бега!
  • Жената ќе ја сочува само онаа тајна која не ја знае.
  • Добрината со добрина се плаќа (враќа).
  • Пријателите се познаваат во невоља, како златото во огнот.
  • Добрите пријатели и од браќата се помили.
  • Додека не заплачи детето, мајка му не му дава млеко.
  • Дури не посеиш, нема што да жнииш.
  • Дури не фрлиш рипче, не фаќаш крапче.
  • Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.
  • Дури човек е жив, се е пари.
  • Животот со пари не се купува, оти дар од Бога се дава.
  • Залудно работи, залудно не седи.
  • Збирај на младост, да имаш на старост.
  • Здравјето за човекот е најголемото богатство.
  • Јазикот е поостар и од сабјата.
  • Јазикот прави добро, јазикот прави и лошо.
  • Страв, лозје чува.
  • Трипати мери еднаш крој
  • Убавиот збор и железни порти отвора.
  • Каков што е таткото, таков е и синот.
  • Кој со ѓаолот, тикви сади, ѓаолот на крај очите му ги вади
  • Крушата под круша паѓа.
  • Лозје не бара молитва, туку мотика.
  • Без мака нема наука.
  • Вистинското пријателство е најретката птица на земјатa.
  • Она што не го сакаш за себе, не го мисли на друг.
  • Секоја страна на тревата има своја капка роса.
  • Кој сее добрина – жнее добрина.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваУличен стил Копенхаген: “Сканди девојките” носат разиграна мода
Следна објаваОваа есен носиме практична клач торба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ