x02

Од секогаш инспиративните нордиски ентериери, ви претставуваме едно несекојдневно убаво катче со одличен дизајн во типичен скандинавски стил. Препознатливата скандинавска белина, овојпат во комбинација со колоритни акценти, минималистички декор во живи бои, цветни детали и изразени женски допири во уредувањето, му даваат посебен шарм на овој стан со површина 90 метри квадратни, лоциран во Шведска. Просторен, комфорен и префинет, со минималистички дизајн, а максимална функционалност, во себе ги содржи сите компоненти кои може да се предвидат за пријатен престој и удобен живот во него, а притоа се’  е спакувано во исклучително убава целина. Вистински предизвик е да се одреди кое решение може да се издвои како најубав пример – дали е тоа прекрасната кујна со  детали во интензивни сини, розови и зелени тонови што декоративно се издвојуваат во белото опкружување, или, пак, кокетната мала тераса со цветен аранжман и романтичен амбиент. Можеби тоа е големиот орман во кој може да се чекори и засебен простор издвоен исклучиво за складирање на чевлите и гардеробата, или, пак, лежерната спална соба со преубави глетки и продор на многу природна светлина од прозорците. Модерниот дизајн, дрвените допири и суптилниот декор, во минималистички уредениот бел ентериер, се нештата кои доминираат во овој дамски стан кој дефинитивно инспирира со својот урбан и софистициран изглед.

x03

x04

x06

x01

x09

x10

x12

x13

x14

x15

x16

x21

x22

x23

x25

x26

x27

x18

x17

x19

x20

x28

x08

x07

x99

СПОДЕЛИ
Претходна објава7 логични мудрости од Кралот Лав
Следна објаваПанделки со книжевни мотиви
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР