Ако сте го гледале „Кралот лав“ на Дизни, тогаш првото нешто на кое ќе се сетите е Hakuna Matata, односно паролата на Тимон и Пумба која Ве упатува да живеете „без грижи“. Покрај совршено завршената работа на режисерот, аниматорите и позајмените гласови, оваа безвременска приказна речиси 20 години ни сервира неколку лекции за животот на кои радо се присетуваме. Освен оваа куса мудрост, Тимон вели и нешто друго… „ако имате проблем, а проблемот има решение – тогаш, не е проблем затоа што ќе го решите. А ако имате проблем и проблемот нема решение, тогаш не е проблем зошто Вие не ја поседувате контролата за да го решите.“  Хакуна матата, за остатокот од сите Ваши денови!

.1.

  1. Смирете се со сопственото минато за да не Ви наштети во Вашата сегашност. А патем, ќе ја заштитите и иднината.
    „Минатото може да боли. Но, на начинот на кој го гледаш – може или да избегаш… или да учиш од истото.“
  2. Она што другите го мислат за Вас не е Ваша работа. Се’ додека сте вредни во сопствените очи.
    „Погледни внатре во себе. Ти си повеќе од тоа што си станал. Никогаш не заборавај кој си.“
  3. Времето лечи речиси се’, па дадете си време да заздравите и да застанете на свои нозе. Безразлика што Ви се случило.
    „Слушај дете. Лоши работи се случуваат и ти не можеш да сториш ништо во врска со тоа.“
  4. Никој освен самите Вие не е причинител на Вашата среќа. Дури и кога се чувствувате добро во нечие друштво – чувствата се само Ваши.
    „И само ако тие можеа да ја почувствуаат среќата којашто ја делам со тебе…“
  5. Не го споредувајте Вашиот живот со другите. Не можете ни да замислите што се случува во текот на нивното живеење.
    „Тоа е круг на животот и не движи сите – низ очај и надеж, низ верба и љубов. Се’ додека не го најдеме нашето место долж патот до крајот.“
  6. Престанете да размислувате премногу, Во ред е ако не ги знаете сите одговори.
    „Се’ што гледаш е создадено за да постои во деликатна хармонија. Ти треба да ја разбереш таа хармонија и да ги почитуваш сите суштества.“
  7. Насмејте се, затоа што не ги поседувате сите проблеми во светот. Никој не очекува да бидете херојот на новото време.
    „Кога светот ќе ти го сврти грбот, сврти му го и ти твојот грб!“

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDenny Dent – таткото на брзото сликање
Следна објаваШведски стан со дамска нота
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР