1306027_6520295_lzДенес може да биде речиси ист ден како вчера и денот пред него. Но, може да биде и нова, заживувачка, возбудлива авантура.

Може да се обидувате да ја исцедите сета вредност што можете од овој ден. Но, може и да се решите да го наполните со нова вредност, со своите мисли и напори.

Можете да се жалите дека овој ден е баш како и сите останати, и да се мачите да преминете преку него. Но, можете и да го поздравите овој ден со ентузијазам, откривајќи ги позитивните и збогатувачки можности кои никогаш не сте ги виделе порано.

На овој ден можете да бидете исполнети со огорченост поради тешкотиите со кои сте оптоварени. Но, можете и да изберете да го исполните своето срце со благодарност, поради шансата да одите позитивно напред, без оглед на тоа што стои на вашиот пат.

Овој ден може да ви послужи како изговор да се чувствувате мизерно. Но, може и да ви послужи како прилика за исползување на најдоброто од вашите можности.

Овој ден е ваш токму сега. Изберете да го исполните со богатството што животот има да го понуди!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижевен хирург | Brian Dettmer
Следна објаваПарче вечност во современиот Брисел | Ptyx the Library
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР