Релативно млада, со свое премиерно отворање на 29.09.2012 година – Ptyx the Library се наоѓа на неколку чекори од Place Flagey во Брисел, срцето на Белгија. По нашиот предлог да ја посетите Cook & Book книжарницата, ова е предлог кој застанува рамо до рамо со истата. Со широк литературен спектар, како и стручни наслови од областа на општествените науки и економијата; таа важи за навистина независна книжарница.

6

Но, она што навистина ја издвојува за единствена од својот вид, барем во Белгија, е нејзиниот надворешен изглед – таа е огледало на заслуги, познати или непознати, таа е ремек-дело во вообичаеното време како парче од вечноста, таа е право на глас на современата пишана уметност преку изразувањето забележано низ просторот и времето… место на литературни средби и размена на книги, средби помеѓу читателите и самите книги, гостувања на автори и многу, многу литературни дружења!

1

2

3

4

На прв поглед, Ptyx the Library автоматски отскокнува од поставениот стандард на бриселските улици – како гигантска искината страница од вонвременска книга, ова е вистински показател на екстремната љубов кон литературата, евидентирана во спојот на креативен екстериер и богат ентериер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвој ден…
Следна објаваНаправи сам | Накривени саксии
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР