Рио де Женеиро, често нарекуван и само Рио втор по големина град во Бразил и 3. метропола во Јужна Америка, достигнувајќи максимални 6.3 милиони жители во внатрешноста на градот. Градот кој плени со љубов, среќа и музика. Овој град бил главен град на Бразил скоро два века, од 1763тата до 1815тата во времетраењето на Португалската колониска ера, после 1815тата до 1821та станува главен град на Обединетото Кралство на Португалија, Бразил и Алгарвеш. Рио де Женеиро многу често е нарекуван the Cidade Maravilhosa, што во превод значи “Волшебниот град”.

Овој град е најпосетуваниот град во јужната хемисфера и е познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самба, Боса Нова и плажите како што се Бара де Тихука,Копакабана, Опанема и Леблон. Во прилог на плажите оди и најпознатата знаменитост, огромната статуа на Исус Спасителот (‘Cristo Redentor’) на врвот на планината Корковадо, оваа статуа е дел од Новите Седум Чуда на Светот. Потоа планината Сугарлоаф, Самбадроме ( област во која се стационирани повеќе училишта за самба танц и која се користи како авенија за време траење на Карневалот) и на крај Стадионот Маракана, еден од најголемите фудбалски стадиуми во светот.

Летните Олимписки Игри во 2016та година ќе се одржат во Рио де Женеиро, а со ова ќе се обележи првиот пат на Јужна Америка да биде домаќин на настан. Стадиумот Маракана во Рио ќе биде исто така домаќин на финалниот меч за Светското првенство во фудбал во 2014тата година . Во 2013та година Рио де Женеиро е домаќин на Светскиот ден на младите.

Културата и современиот живот

Рио де Женеиро е главниот културен центар на Бразил. Неговата архитектура ја збогатуваат цркви и згради кои датираат се од 16тиот до 19тиот век, измешана со нови светски дизајни од 20тиот век. Рио беше дом на Португалскатс Империска фамилија и главен град на земјата многу години наназад, и во овој град може да се препознаат влијанијата на Португалската,Англиската и Француската архитектура. Рио де Женеиро наследи од минатото силна улога во културата. Во доцниот 19ти век, првите снимки на Бразилскиот филм беа снимани и од тогаш па наваму Рио е еден од водачите во националната телевизија од цел Бразил. Моментално Рио ги држи главните продукциски куќи на Бразилската телевизија.

Во градот има исто така други важни културни знаменитости, како што се Националната Библиотека, седма по големина во светот, чии колекции се проценува над 9 милиони книги; Театарот во Рио,изграден врз принципите на 20тиот век, Националниот Музеј на Уметности, Ботаничката Градина во Рио де Женеиро, Империскиот плоштад, Музејот на Модерна Уметност во Рио де Женеиро и Музејот за историја . Најпознатите весници на португалски може да ги читате секојдневно , О Глобо, Екстра и О Диа се најпознатите дневни весници, и секако локалните телевизиски вести и радио( сите на Португалски јазик).

Туризам и рекреација

Рио де Женеиро е најпопуларната туристичка атракција и резорт. Го посетуваат приближно 2.82 милиони туристи преку година и е попосетуван град од било кој друг во Јужна Америка. Атракции се првокласните хотели на самата плажа, како и популарните Корковадо и Шугарлоаф планините. Иако градот во минатото бележи голем туристички напредок, индустријата бележеше пад во последната четвртина на 20тиот век. Годишните авионски меѓународни пристигнувања се намалија од 621,000 до 378,000 а просечните хотелски резервации паднаа за 50% меѓу периодот од 1985та до 1993та година. Недостигот од услуги во минатото биле многу честа појава и туристите многу често се наоѓале сами на себе во туѓата средина а со тоа растело и насилството против туристите. Фактот дека Бразилија го замени Рио како главен град и Сан Паоло стана најголемиот маркетинг-центар во земјата беа причини за опаѓањето на туризмот во Рио.

Музика

Официјална песна на Рио де Женеиро е “Cidade Maravilhosa” која значи “чудесниот град”. Оваа песна е како химна на градот и е омилена песна на Карневалот во Рио во Фебруари. Рио де Женеиро е центар на движењето за урбана музика во Бразил. Рио стана популарен со хит песната “Garota de Ipanema” (во превод Девојката од Ипанама), композирана од Антонио Карлос Хобим и Виникиус де Мораес а испеана од Аструд Жилберто и Жан Гилберто, Франк Синатра и Ела Фитцгералд.

Оваа песна е клучот за создавање на правец наречен боса нова (bossa nova), музички жанр кој беше роден во Рио.Жанр кој е уникатен и популатен во Рио и Бразик е Фанк Кариока. Додека музиката на самба се смета за национална во Рио, Фанк Кариока привлече голема група на фанови во Бразил.

Значајни “Кариоки”

Кариоките,како луѓе кои се родени во Рио де Женеиро, направија големи придонеси во историјата, културата, музиката, литературата, образованието, науката, технологијата во Бразил ( а и во светот), особено кога Рио де Женеиро беше федерален главен град и голем центар на Бразилскиот развој и иновации во сите овие области. Најпознати Кариоки, кои биле родени во Рио се :

• Роналдо, фудбалер, постигнал најмногу голови во Светските првенства • Ромарио, фудбалер. • Карлос Алберто Торес, фудбалер • Мачадо де Асис, автор • Пауло Гоелјо, автор • Оскар Ниемејер, архитект • Карлос Туфвессон, моден дизајнер и активист за човекови права • Робсон де Силва, спринтер, Олимписки медалист • Марија II; кралица на Португалија И многу други …..

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗабавен и креативен пар | Casey Grim & Adam McLaughlin
Следна објаваРетро дом со носталгичен амбиент
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР