Едноставен проект за кој не ви треба никаков буџет. Доволно е да ги соберете празните пластични шишиња од вашиот дом и да изработите интересен украс за домот,  или „завеса“ за прозорецот.

11

Потребни ви се:
– пластични шишиња
– ножици
– перманентен маркер
– конец
– игла
– лепак

22

Најпрвин исечете ги шишињата на прстени со дебелина од 2/2,5 cm.

33

Со перманентниот маркер нацртајте или напишете нешто по желба.

44

Превиткајте ги парчињата како на фотографијата, залепете ги краевите за да добиете форма на срце.

66

Изработете онолку срциња колку што сметате дека ви се потребни.

77

Земете ја иглата на која имате ставено конец, боцнете ги срцињата и закачете ги.

88

Вашиот рециклиран украс е готов и подготвен да го разубави домот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНасликана фотографија | Alexandra Valenti
Следна објаваBIRD | 100то издание на IDN
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР