Која било припадничка на женскиот род по конзумирањето на „Гордост и предрасуди“, независно дали се работи за книгата или екранизацијата, ќе се согласи со изјавата „Џејн Остин ми го уништи животот“. Заљубувањето во делот од секундата не води до прашањето дали воопшто постои г-дин Дарси во денешни услови и уште побитно, како да се пронајде истиот?

Додека Елизабет беше приморана да погледне длабоко под грубата надворешност (на која навистина и завидуваме) за да најде еден љубезен, внимателен и интелигентен примерок од машкиот род, кавалер по вокација, вид пред истребување: Вашиот г-дин Дарси може да се појави пред Вас во различни варијанти, согласно Вашите критериуми под наслов „Мојот господин Совршен“. Во прилог, следуваат совети кои според WikiHow, ќе Ви помогнат да ги воочите карактеристиките на најпосакуваниот ерген на сите времиња, во рамки на модерната современост.

1. Барајте реални и пожелни квалитети.

Остин ни открива неколку предности кои г-дин Дарси ги поседува: евидентна интелигенција и духовитост, спосовност и истрајност во работата, храброст да го зборува она што му е на ум, верност и грижа кон блиските, како и добра репутација. Доколку личноста која Ви стои под опсервација поседува барем 3 од овие карактеристики, постои можност за потенцијален и само Ваш г-дин Дарси.

2. Бидете внимателни кого одбивате.

Jасните карактеристики дадени од Остин навистина се идеални, но истовремено може да Ве доведат до фрустрација. Застанете со двете нозе на Земјата и избегнете ја грешката на Елизабет, која стоеше со став дека г-дин Дарси е далеку од нејзината смисла за „вистинкиот човек“ за неа. Отворете го срцето за да ги увидите вистинските квалитети на личноста, и патем, не заборавајте на Вашите очекувања втемелени во реалноста.

3. Излегувајте на состаноци со кавалери.

Kолку и да е тешко да поверуваме, на светот сепак постојат уште кавалери. Не судете за книгата по нејзината корица, овој тип на мажи може да го затекнете било каде. Доколку увидите дека ја отвора вратата за Вас, навистина Ве слуша додека му зборувате, умее да Ви подари цвеќе и се грижи за Вашето добро, тогаш Ви честитаме: штотуку освоивте модерен господин.

4. Останете избалансирана и внимателна.

Најлесно е да се залепи етикета доколку откриете една мана на првиот состанок. Полесно е да се избегне начин за поврзување со личноста, отколку да се искористи можноста подобро да го запознаете. Елизабет е совршен пример за тоа: мислењето на г-дин Дарси апсолутно ја оддалечи од било каква комбинација со него, така што таа инстантно ја постави нивната дистанца. Потпрете се на сопствените доблести и очекувајте позитивен исход. Верувајте дека ќе Ви се врати, двојно.

5. Научете да ги разликувате самодовербата и ароганцијата.

Точно, г-дин Дарси е горд, но апсолутно ненаметлив. Кога Елизабет се изненадува на сопствените предрасуди, Вие не би биле исклучок. Можеби позади т.н само-бендисаност се крие срамежливост, непријатност или страв да не се прикаже во вистинско светло. Случајот со г-дин Дарси го докажува тоа. Но, запомнете: Вашата надеж би требало да е во рамнотежа во Вашата толеранција.

6. Проверете ја неговата романтична страна.

Дами, најдете човек кој успева да се сети на малите нешта, да Ве држи за рака или да ја прочита „Гордост и предрасуди“ само затоа што Вас Ви се допаѓа. Најдете човек кој ќе Ве познава доволно без да му објаснувате. Кој ќе Ве сака онаква каква што сте, совршено несовршена. Токму како Елизабет Бенет.

7. Ценете се себеси.

Како девојка пред своето време, Елизабет беше исполета со интелигенција и себепочит. Пронаоѓањето на денешен г-дин Дарси подразбира адекватен сојузник низ животот, вистински партнер за споделување на најголемите животни подеми и падови, модерно рамноправни и независни единки сплотени во заедница. Како што Елизабет доживува интелектуална стимулација од својот избраник, Вие не дозволувајте да се задоволите со ништо помалку од тоа. Притоа, останете верни на своите пријателски и роднински врски – вистинскиот г-дин Дарси ќе се восхитува и ќе го почитува тоа.

8. Не се менувајте себеси за другите.

Елизабет не направи ништо за г-дин Дарси да се заљуби во неа, освен што остана своја. Таа не почувствува потреба да се смени за него, ниту се претвори во нешто што не е за да го импресионира. Верна на себе, послушајте го советот на Остин кој директно Ви се обраќа: запрашајте се дали е гордост или предрасуда да се менувате за човек кој можеби не е вистинскиот за Вас.

9. Бидете внимателни во кого ќе се заљубите.

Oд една страна, занесот да се копнее по маж како г-дин Дарси е апсолутно оправдан. Од друга страна, ризикот да налетате на негативните одлики на личноста на г-дин Дарси кои не се во пакет со доблестите концентирани во главниот лик на Остин, е голем. Имајте на ум дека славниот роман не носи наслов „Свадбата на г-дин и г-ѓа Дарси„.

10. Работете на својата врска.

За разлика од крајот на романот, реалниот живот продолжува да тече и во голема мера бара постојан труд за одржување на врската. Со веќе познатиот рецепт и вистинскиот г-дин Дарси на денешницата, тоа не би требало да е премногу тешко!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДигитална библиотека | Мансуето, Чикаго
Следна објаваAlexa Chung за Vero Moda
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР