„Суетата и гордоста се различни нешта, иако поимите често влегуваат во корелација на синоними – човек може да биде горд, без да биде суетен. Гордоста се однесува на сопственото мислење за себеси, а суета е она што другите го мислат за нас“.

Овој став е целисходна позадина на целиот роман, почнувајќи од семејството Бенет, преку г-дин Бингли и г-дин Колинс, се’ до лејди Кетрин. Петте немажени ќерки Бенет се нивна апсолутна грижа, сиот напор кој нивната мајка го вложува во обидите да најде соодветни сопрузи со соодветни џебови се чини дури премногу суетно од нивната маргинализирана состојба, живеејќи под туѓ кров и чекајќи го смртниот момент на сопственикот, имено нивна далечна роднина, за да се исселат од местото наречено дом. Дејствието завзема централен карактер на балот каде и девојките Бенет се поканети – најубавата и најграциозната од нив, Џејн, по автоматизам му паѓа во око на убавиот г-дин Бингли, млад благородник во друштво на мистериозен и проклето згоден, г-дин Дарси. Елизабет, втората Бенет девојка, не може, а да не се заинтересира за него.

Елизабет е дама чиј основен сомнеж е вредноста на благородништвото и улогата на жените во општесвениот живот – таа се занимава со прашања засновани врз манири, морал, образование, брак. Таа е исклучок од низата немажени девојки, не само во своето семејство, туку во самата Англија. По инат на судбината, г-дин Дарси не пројавува ни ронка интерес за неа, раководен од озборувањата кои кружат за г-ѓа Бенет, при што и шансата за романса меѓу Џејн и г-дин Бингли пропаѓа во вода. Остин ќе рече, „Имагинацијата на една дама е превртлива категорија, илустрира скокови од восхит кон љубовта, од љубов кон бракот, во еден момент. И обратно.“, при што наративно се оправдува мислењето на Елизабет кон г-дин Дарси, и обратно. Гордост или предрасуди? Или можеби, обете? На кого се однесува индиректната антитеза на насловот?

Ќе се сложиме со авторката, „среќата во бракот е прашање на случајност“. Дали ќе се базираме на својата суета или гордост, односно предрасуди или дрскост, е аманет кој таа ни го оставила неколку векови наназад, без да знае дека супериорноста во општеството останува стартен фактор на создавање врски во истото при секој обид за социјализација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГотската катедрала која дише
Следна објаваВеличествени библиотеки | Franck Bohbot
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ