Изборот на совршено руменило понекогаш може да биде вистински предизвик. Со толку многу различни нијанси и текстури, дури и вистинските познавачи на убавината понекогаш не се сигурни да ве советуваат што да одберете. Она на што треба да посветите посебно внимание е секако, нијансата,… ретки се среќничките на кои им  одговараат токму сите.

Затоа, внимателно размислете за изборот на нијанси, руменилото е тука за да го направи вашето лице свежо и да го направи да изгледа одморно и здраво. Со премногу руменило или со премногу интензивна нијанса, лесно ќе изгледате како кловн, од друга страна, премногу светла нијанса нема да направи ништо или пак ќе направи да изгледате исцрпено.
Ако се уште не сте сигурни за вашата идеална нијанса, најдобро е да се дадете во рацете на експерт, што значи без шминка или само со лесна подлога која инаку ја нанесувате на лицето, да одите во некоја продавница за козметика и побарате пријателски совет од обучените продавачи -шминкери, за да ви помогнат во изборот на нијанса за вас..

Освен нијансата, потребно е да се размислува и за текстурата. Иако изборот на текстури е исто така одличен, руменило во прав, камен, крем или во течност? – нам ни се чини дека се уште, најпопуларни се руменилата во камен.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмски театар (04.12. – 10.12.2017)
Следна објаваИдеи за најубаво пакувани новогодишни подароци!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР