Можеби ја препознавате како елегантната Лили ван дер Вудсен од сеијата Gossip Girl, но во изминатите неколку години, Кели Радерфорд се истакна како стилска икона. На телевизија, мајката на Серена беше пионер на тивкиот луксуз – нејзините внимателно избрани облеки, стилизирани од костимографот Ерик Дејман ( штитеник на иконата Патриша Филд), зрачеа со елеганција, стилски вкус и непобитна моќ на богата жена од Upper East Side.
Личниот стил на Кели ја отсликува естетиката на ван дер Вудсен со луксузни плетива, рафинирани брендирани чанти и пригушени бои. Нејзините облеки на Инстаграм го привлекоа вниманието на обожавателите од сите возрасти, а многумина на TikTok ја нарекуваат ‘Birkin mama”, титула што сигурно ќе ја направи Лили ван дер Вудсен горда.