Mафини од јајца и зеленчук се совршен појадок или закуска!

Mафини од јајца и зеленчук се совршен појадок или закуска!

Имајте на ум дека започнувањето на денот со хранливи оброци им дава енергија на телото и мозокот и на тој начин ја зголемува продуктивноста. Ако го прескокнете појадокот, ќе се чувствувате исцрпени до ручек, а најверојатно ќе ви биде тешко да се концентрирате на обврските кои се пред вас.

Што треба да јадеме за појадок? Влакна, нискомасни протеини, овошје и зеленчук, јајца, јаглени хидрати и нискомасни млечни производи се главните состојки за здрав појадок. Постојат бројни комбинации за тие кои сакаат да размислат за подобрување на нивните навики досега, а денес ја презентираме идејата за оние денови кога наутро имате неколку минути повеќе и сте подготвени да ги искористите за здрав и добар појадок.

Мафини од јајца со зеленчук.

Јајцата се храна со исклучителна биолошка вредност и хранливост. Просечната енергетска вредност е 147 kcal на 100 g. Протеините од јајцата се со висока биолошка вредност, ги содржат сите есенцијални амино киселини и можат да ги задоволат потребите на организмот во растот и развојот.

Јајцето е одличен извор на фосфор, селен, рибофлавин, пантотенска киселина, витамин Б12, А и Д. Тоа е добар извор на железо, цинк, витамин Б6 и фолна киселина. Среден извор на калциум, магнезиум, калиум, тиамин и витамин Е.

Сите ние веќе знаеме, дека здравиот зеленчук во комбинација со јајца, секако е еден од најздравите избори што можете да ги направите наутро. Иако мафините со зеленчук земаат малку повеќе време, отколку на пример, јајце на око или кајгана, но откако ќе ги пробате овие мафини, ќе видите дека трудот вреди.

Количината на јајца и изборот на зеленчук зависи од тоа за колку луѓе се подготвува оброкот, а зеленчукот се разбира, го комбинирате тој што го сакате, па можете да ставите кромид, свежи или сушени домати, пиперки, спанаќ, босилек и слични зачини. Можете да додадете малку сланина или колбаси, дури и свежо сирење или козјо сирење, се по ваша желба.

Калапите намачкајте ги со малку масло, така што смесата што ќе ја ставите нема да се залепи на нив. Смесата печете ја во загреана рерна на 180 ° C од 15 до 20 минути.

На здравје!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава45 примери како се носи голема јакна во град!
Следна објаваНајбараните балетанки на сезоната се во Zara!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР