Рецепт за совршена крем супа од тиква
Со оглед на тоа дека е најавено заладување на времето, кое ние веќе го очекуваме, топлата есенска храна почна да не привлекува. Има ли нешто подобро од топла супа?
Има! Единственото нешто подобро од супа е крем супа од тиква. Таа е една од нашите омилени супи, која веднаш не потсетува на есен, бидејќи тиквата е вистинска есенска храна. Во продолжение ви го пренесуваме рецептот за совршена супа од тиква.

Рецепт за крем супа од тиква:
– 500 гр тиква
– 1 кромид
– маслиново масло
– вода
– 125 мл павлака за готвење
– сол
– пиперка
– чили пиперка
– масло од тиква
– семки од тиква

Тиквата исечкајте ја на коцки и печете ја во рерна на 180 степени околу половина час. Во тава загрејте го маслиновото масло и пропржете го кромидот. Потоа додадете ja тиквата на кромидот и лесно пропржете. Додадете вода така што водата ќе ги покрие парчињата од тиква. Гответе додека тиквата не стане мека. Испасирајте ја тиквата додека супата не добие еднолична текстура. Додадете сол, бибер и чили пиперки по вкус. Во супата ставете ја павлаката за готвење, убаво измешајте и оставете да се вари уште пет минути. Послужете и декорирајте со малку масло од тиква и семки од тиква.

НЕМА КОМЕНТАРИ