Рецепт за крем супа од печен домат и Grana Padano
Кога мислиме на брза храна, обично помислуваме на нездрава храна како хамбургери, тестенини, пица… Но, брзта храна не мора да биде нездрава. Во продолжение ви го откриваме рецептот за вкусна супа од печени домати и Grana Padano.

Рецепт за супа од печен домат и Grana Padano
– половина килограм домати
– 2 главици кромид
– 2 чешниња лук
– 100 мл павлака за готвење
– сол
– бибер
– оригано
– босилек
– црвена слатка пиперка
– маслиново масло
– 150 грама тврд кашкавал granа padanо

Доматите, кромидот и лукот зачинете ги со маслиново масло, бибер, сол, црвена слатка пиперка, оригано и босилек. Печете ги во рерна на 180 степени 40 минути. Кога ќе се испечат, ставете ги во блендер, а потоа поминете ги низ сито за да добиете мазна текстура.

Во тенџере ставете ја супата и во неа ставете ја павлаката за готвење. Нека зоврие. Послужете во чинии и одозгора изрендајате Grana Padano. Можете да послужите со тост леб.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдноставен но стилски начин како да носите кошула и мантил
Следна објаваНајдобрите креации на црвениот тепих од CFDA наградите за 2023 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ