Советот на модни дизајнери на Америка се собра во Њујорк за да го прослави својот најголем настан во годината – модните награди CFDA за 2023 година, а на црвениот тепих не му недостасуваа модни изгледи кои влеваат стравопочит. Познати личности, дизајнери, модни уредници и стилисти се собраа во Американскиот природно научен музеј за да ги почестат најдобрите во американскиот дизајн. Составот на присутните беше зачудувачки како и нивниот изглед. Ен Хатавеј беше домаќин на настанот заедно со домаќините Ајо Едибири, Деми Мур, Грета Ли и Чарлс Мелтон.
Оваа година, наградите им беа доделени на некои од највпечатливите икони во индустријата, кои го обликуваа пејзажот на американската мода и оставија неизбришливи траги на модата воопшто. Меѓу прославените имиња се и Марија Корнехо, на која и беше доделена наградата за животно дело Џефри Бин; Серена Вилијамс е овогодинешната модна икона, а Гвинет Палтроу и Гуп беа наградени за иновативност.
Погледнете ги најдобрите моменти на црвениот тепих во галеријата подолу.