Идеи за функционален и убав работен простор во куќата!

Идеи за функционален и убав работен простор во куќата!

Работниот агол во просторот за живеење може да се наоѓа насекаде, доколку имате простор во куќата каде што можете да бидете изолирани и без одвлекување на вниманието. Секако дека тоа би било идеално, но ако немате доволно простор,  доволно е само работната маса и столчето да ги поставите во дневната соба , ходникот дури и трпезарија.

Вашето работно место мора пред сè да биде функционално и организирано, но не заборавајте го естетскиот дел, кој можете да го прилагодите со остатокот на ентериерот, а може да биде и сосема посебен, во зависност од вашите желби и потреби.

Покрај неизбежната маса и стол, просторот околу масата можете да го наполните со полици каде што се достапни книгите, регистратори, собни растенија или некој декоративен предмет. Бидејќи сте дома, немате потреба од класичен канцелариски мебел, па можете да бидете креативни и да внесете дел од личните предмети во работниот агол. Можете тоа да го направите со мебел, омилена боја и детали.

Работниот простор треба да биде чист и светол, поставете ја масата наспроти надворешната светлина, ако не е можно, користете убава украсна ламба.

Пред се, потребна ни е удобност, најмногу внимание посветете на столот, не само да биде убав, но исто така удобен, по можност со потпирачи за раце и висок наслон.

Персонализирајте го вашиот работен простор, ако немате можност физички да се одделите од остатокот од просторијата, ѕидот на тој дел, обоете го во вашата нај омилена боја, на тој начин, барем ќе имате визуелен впечаток за одвојување.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПепертутки го разубавуваат европскиот урбанизам
Следна објаваМалите торби се хит!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР