Кога купуваме нова торба, повеќето од нас имаат многу јасна поделба на вкус и потреби: торби кои ги носиме за работа, торби за шопинг, торби за прошетка на кучиња, како и оние поголемите торби за ден и помалите за навечер. Но, што ако ви кажеме дека повеќе не е потребно да се прави оваа поделба?

Мини торбите станаа хит и моден додаток за секое време од денот и често знаат  да изненадат со нивната големина. На прв поглед, малите торби честопати се отфрлаат со типичните коментари дека ништо не собира во нив, но внатрешноста често може да да го докаже спротивното. Многу мали торби изобилуваат со простор каде можете да ги внесете сите ваши дневни потреби. Тие често се организирани со повеќе прегради, а вашите работи ќе бидат поорганизирани отколку во голема торба. А виситина е,  дека повеќето жени носат куп непотребни работи во нив, за кои дури и не знаат дека се во торбата.

Наместо голем паричник во кој се кријат старите сметки и непотребни картички од разни дуќани во кои влегувате еднаш годишно, набавете си помал паричник каде што ќе имате преглед на основните картички и банкноти. Наместо цела торбичка за шминка, одвоите ги основните, како што се карминот и пудрата во прав, кои се најчесто користени производи надвор од домот. Не ви треба гломазно шише парфем, туку помало, парфемско.

Со паметна организација, преминот кон мини торбите е многу едноставен, а вашата рака или рамо, исто така, ќе ви се заблагодари што не морате да носите непотребни килограми, секој ден..

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИдеи за функционален и убав работен простор во куќата!
Следна објаваАко сакате ориз, овој апарат ќе ве воодушеви!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР