Image may contain: 1 person

Денешниот избор за локација која е повеќе од задолжително да се посети е малку нетипичен за препорака. Ретко кој би посетил гробница, особено кога е во Јапонија, каде има толку многу места да се видат.

Makomanai Cemetery е задолжително и инспиративно место на кое мора да му се посвети внимание! Лоцирано во самото срце Sapporo е поставена огромна камена статуа на Буда која го окупираше целиот видик петнаесет години. Кога гробницата одлучи дека сака да ја истакне специфичноста на скулптурата, настапи архитектот Tadao Ando, кој дојде до едно необично решение, да ја скрие статуата. 

Image may contain: outdoor

Целата идеја е да се прекрие статуата со недовршена купола од која ќе ѕирка само темето од главата на Буда. На куполата е посадена лаванда, која и тоа како со своето ароматично својство дејствува во целата зен филозофија на местото.

По влегувањето треба да се заобиколи езерото од лева или десна страна, за да се пристигне до тунелот, чиј крај води до Буда.

Зависно од сезоната, посетителите имаат различно искуство. 150 000 посадени лаванди се обоени свежо зелени во пролет, нежно виолетови на лето и бели во зима. Навистина уметноста е чудесна кога авторот е природата.

Image may contain: sky, outdoor and natureImage may contain: cloud, sky, outdoor and natureImage may contain: 1 person, skyImage may contain: sky, outdoor and water

Image may contain: sky, mountain, grass, nature and outdoor

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCéline |”Cat-Eye”
Следна објаваНаправете сами – украс за коса во Шанел стил!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ