Jennifer Lopez одлучи да ги искористи сите предности на љубовта која владее за песните на шпански јазик, така да за ова лето подготви прекрасни песни на својот мајчин јазик, во кои сите ќе уживаме.
По мега хитот Despacito почнаа да се појавуваат во се поголем број песни на светски познати изведувачи, чии нови песни се на шпански јазик. Џенифер Лопез е една од нив, а наскоро се очекува објавувањето на првиот албум на шпански јазик по речиси десет години.
Првата песна и спот од својот нов албум е штотуку објавена, а песната е наречена ”Ni Tú Ni Yo” или во превод ”Ниту ти, ниту јас”. Она што не фасцинираше во спотот е апсолутниот луксуз, кога станува збор за модните комбинации.
Џенифер Лопез смени точно 10 различни комбинации на облека во 4-минутниот спот. Во видеото Џенифер танцува и му позира на младиот фотограф во шарен светкав фустан на Том Форд (сличен фустан во кој Ријана во април ја снимаше насловната страница на американскиот Vogue). Исто така, се појавува пред камерата во црн фустан на Faustо Puglisi, во кој настапуваше пред недела дена.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛетен викенд во Public Room
Следна објаваКварцот е најновиот тренд во уредувањето на кујните!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР