Beyoncé е една од најголемите ѕвезди на денешницата и е една од модните икони на чиј стил многумина ce одушевуваат. По долга серија години, Beyoncé објави нов албум наречен Renaissance во кој креативниот директор на Balmain, Olivier Rousteing, најде инспирација за нова модна колекција.
Колекцијата се состои од 16 креации, колку што има песни на новиот албум на Beyoncé, а секоја од креациите е инспирирана од една нејзина нова песна. Секоја креација е исто така именувана по една од нејзините песни од албумот, имајќи предвид дека Balmain инспирацијата за креациите ја нашла директно од нејзините песни.
Токму како и стилот на самата пејачка, така и оваа соработка се состои од многу луксузни парчиња кои се полни со многу интересни детали. Колекцијата е навистина во стилот на Balmain, но самите изгледи го покажуваат влијанието на сопствениот стил на пејачката, кој во голема мера ја збогати овосезонската модна колекција на брендот Balmain.