Производ за убавина кој треба да го имате секогаш со себе!

Highlighter-ите, станаа главна тема и занимација откако слушнавме дека контурирањето (најпосле) заврши и дека во потполност се вртиме кон strobing и ‘nontouring’ трендот (користење на highlighter, без bronzer). Така да сега целиот фокус е префлен на сјајна, светликава и младешка кожа – а единствен начин како тоа да го постигнеме во краток рок е додавање на права количина highlighter на правите точки на лицето.

За сите девојки кои не се шминкаат интензивно, евентуално бираат маскара и коректор за дневен изглед, highlighter-от е идеален производ кој треба секогаш да го имаат со себе, затоа што го освежува и подмладува изгледот на кожата преку ден. Ви предлагаме да одберете некој кремаст во стик за полесно и попрецизно нанесување.

Од друга страна, течниот highlighter можете да го измешате во течна пудра или со BB кремата и така да го зголемите сјајот на лицето. Додека класичните компактни highlighter-и во прав кои се нанесуваат со четки, им ги предлагаме на девојките кои го сакаат интензивниот и комплетен makeup look.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваIKEA со летна колекција инспирирана од југоисточна Азија!
Следна објаваНебично уреден стан – минималистички со контрасти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР