Ова е прв облакодер во Париз по 42 години.
Париз е еден од најромантичните градови во светот, а за тоа сигурно придонесува фактот, дека целиот град е со класични згради, мостови и генерално, богато украсени фасади и убави тераси. Но само кога ќе излеземе од поширокиот центар на Париз, можеме да видиме облакодери и дека овој град не живее само во формите на своето минато. Уште еден чекор напред во модернизација на Париз ќе биде неговиот прв облакодер по дури 42 години – и тоа триаголен!
Таканаречената Триаголник кула е потпишана од Херцог и Meурон, а планот за кулата бил поднесен уште во 2008 година. Во меѓувреме, контроверзниот облакодер претрпе неколку измени, и сега е наречен  “Триаголник 2.”
 Кулата е високата 180 метри и е трета по големина зграда во Франција, ќе има хотел од 120 соби, ресторан и бар, а останатиот дел ќе бидат канцеларии. Во подножјето ќе има интресни објекти за деца со разни содржини како и детска градинка.
Облакодерот ќе биде изграден во квартот “porte de Versailles”“, но почетокот на изградбата се уште не е познат.
paris-first-skyscraper-2paris-first-skyscraper-3
paris-first-skyscraper-4 paris-first-skyscraper-1 (1)paris-first-skyscraper-5

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТропска идила во Мозамбик
Следна објаваТрпезарии на отворено
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ