Патуваме-Сонуваме, Калабрија

Калабрија е една од дваесетте покраини на Италија. Се наоѓа на југот на државата, јужно од убавиот Неапол и ги претставува “прстите” на чизмата. Главен град е Катанцаро, исто така  и најголем град на Реџо ди Калабрија. На источната и јужната страна се наоѓа Јонското Море, а на запад е Тиренското Море. Помеѓу нив се наоѓа Месинскиот мореуз, кој ја разделува Калабрија од Сицилија. Целокупната површина на покраината е 15.082 км2 а е долга 250 км. Од морското крајбрежје тлото наеднаш се издигнува и преоѓа во ридско подрачје, испресечено со длабоки речни долини во вид на клисури. Ридестото подрачје постепено преоѓа во планинско подрачје кое ги опфаќа јужните Апенини. По својата убавина познати се планините Полино. Климата е средоземна, додека на повисоките места станува остра и е планинска. Калабрија најпрво ја населиле италските племиња, а дури потоа доаѓа Грчката колонизација. Заедно со Сицилија го сочинувале најзначајниот дел од голема Грција. Подоцна италијанските племиња ги покориле Грците. Тоа биле осканските племиња наречени Брути. Брутите ги основале сите градови во Калабрија. Областа долго време била во составот на Римското царство. Денеска Калабрија има два милиони жители. Најмогу доминира италијанското население, а тука живеат и Грци и Албанци, кои се населиле уште во времето кога Балканот бил под Отоманската империја. Од 1861 година италијанскиот јазик станува официјален јазик во Калабрија. Оние кои имале можност да ја видат Калабрија, знаат како е, да се живее во италијански стил!

11264978_765971960188900_4633071156960472682_n

11141735_704954512960743_3089665423375832171_o

kalabria_8

Reggio_calabria

600px-Flag_of_Calabria.svg

11060905_771643919621704_4655074251613868264_n

11357035_771619089624187_7587565754798449589_o

11227563_772137386239024_3652880310878222394_n

Tropea-Southern-Italy-Calabria

timthumb

The-village-of-Scilla-wit-014

145679106

11329946_771644296288333_1891337545266990880_n

images

10697194_968889379807778_5854783319873466403_o

FCG4

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР