1

Daniel Hasson е архитектот на овој неверојатно дизајниран стан во Тел Авив, сместен многу близу до морскиот брег. Станот е со вкупна површина од 250 метри квадратни, а уреден е во современ стил, со пријатни неутрални тонови и суптилни луксузни допири. Ентериерот инспирира со смиреноста и префинетоста, а замислен е како еден голем и флуиден простор, кој ги обединува дневната соба и останатите простории, за да бидат што повеќе отворени кон надворешноста. Ѕидовите се заменети со стаклени панели, што на станарите им дава фантастични глетки на морето, како и голема количина на природна светлина. Декорот го сочинуваат дизајнерски парчиња мебел од колекциите на Armani и Fendi Casa, пропратени од интересна палета на бои, кои се движат од беспрекорно бела, беж, крем, чоколадна, до црна и златна нијанса. Подовите се по малку блескави, што внесува дополнителна елегантна нота во целиот ентериер. Деталите играат главна улога во внатрешноста: богатите текстури, долгите завеси, контрастот помеѓу црната и белата боја, сјајните плафони и подови – се’ е прекрасно искомбинирано за декорот да рефлектира хармонија и рамнотежа. Сите подови во спалните соби се од мермер, и во секоја од нив е поставен голем и комфорен кревет. Проѕирните драперии, пак, дозволуваат сончевите зраци нежно да продрат во овој софистициран простор. Бањата е секако една од најубавите простории, која може да се пофали со совршен видик на морето. Замислете го уживањето и лежерното чувство кое го нуди капењето на зајдисонце, следејќи го со погледот сонцето во далечината, кое изгледа како да тоне во морското синило.

2

3

4

6

7

8

9

10

11

12

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваArmani Jeans | пролет/лето ’14
Следна објаваМапи од храна
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР