01

Може ли мини стан со површина од скромни 50 метри квадратни да зрачи со позитивна енергија и добро расположение? Дефинитивно да! Совршен пример е овој мал, но преубаво среден животен простор, полн со свежина, светлина и оптимизам. Најзаслужни за ваквата ведра и динамична атмосфера се колоритните детали во зелена и розова боја, кокетно разигрувајќи ги топлите неутрални тонови кои ја сочинуваат основата на ентериерот. Мебелот е по мерка и во хармонија со расположливиот простор, а за функционалноста на дизајнот важна улога има и паметниот распоред со кој станот е поделен на две зони. Во едната, креиран е отворен план во кој комуницираат дневната соба, кујната и трпезаријата, додека во другата се сместени прекрасната спална соба и бањата. Деталите се избрани со многу вкус и стил, комбинирајќи фини парчиња мебел, текстил и слатки украси во различни нијанси на зелена боја, црно-бели акценти и шик розова инспирација. Му даваат модерна нота  и пријатен амбиент за живеење – идеален за млади парови. Шармантната тераса, пак, овозможува уште едно убаво и идилично доживување, надвор од ентериерот. Доколку планирате пролетно освежување на вашето станбено катче, можеби токму тука ќе ја пронајдете омилената идеја. Инспирирајте се!

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12 13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВнимание кон кучињата
Следна објаваMax & Co. | пролет/лето ’14
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР