Не е тајна дека мачките по непишано правило, уживаат кога се опкружени со книги.

Друштвото на животински спасувачи од Berks County со својата нова програма Book Buddies ги поздравува децата со желба за читање со тоа што ги кани да бидат соученици на група мачиња, во исто одделение. Девојчињата и момчињата се поканети во собата за читање, каде што имаат можност да се дружат со симпатични мачиња, спасени од немилоста на улиците. Освен тоа што ќе ги подобрат своите вештини за читање, децата ќе создадат еден пријателски однос кон животните.

Втората корисна работа којашто произлегува од оваа програма е поврзана со едно истражување на Tufts University, кое вели дека мачките пронаоѓаат пријатност и смиреност во ритмичкиот звук на детскиот глас, однос кој се воспоставува преку самиот концепт кај што децата им читаат на мачките. Координаторката на оваа програма, Kristi Rodriquez, вели дека истата била иницирана од нејзиниот син Sean кој имал потешкотии со читањето, но обожавал мачки. Со спојување на убавото и корисното, оваа акција инспирираше многу родители да ги вклучат своите деца во програмата. Резултатот може да го видите на фотографиите подолу.

2

3

4

5

6 7

8

9

10

11

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУтринска рутина
Следна објаваАрхитектонски илустрации на добро-познатите филмови
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР