Дали денот по утрото се познава?

Доколку е така, како Вие го започнавте овој мачен Понеделник?

Утринската рутина често се смета за луксуз во сегашниве брзи начини на живеење. Ги користиме и последните десет минути во кревет, стануваме набрзина, се облекуваме, миеме заби и трк низ врата. Целиот ден потоа минува со потешкотии, неволност и соништа за следниот викенд побрзо да дојде. Но што ако не мора да биде така? Зошто едноставно не направиме простор за една брза утринска рутина?

Се на се, потребни се 20-30 минути кратење од сонот, кратко планче и спремни сме да почнеме со дневните предизвици. Секој си има свои навики, но еве еден предлог за тоа како да изгледа Вашата утринска рутина.

Како прво, разбудете се половина час порано. Направете брзи вежби за истегнување или некоја брза гимнастика, облечете се. Потоа направете си брз здрав појадок, а во меѓувреме читнете нешто позитивно, некоја кратка статија или колумна на пример. Кога го испивте своето кафе/чај на мир, Вие можете да го освоите светот. Само излезете од својот дом позитивно наелектризирани и се ќе биде океј, бидејќи утрото по денот се познава, нели?

Единствено не бидете строги кон себе, некогаш ќе се успиете, или ќе Ви загори појадокот, или мистериозно ќе Ви исчезне весникот… Тоа е сосема нормално, бидејќи утринската рутина е за секој ден. Само потребен е помалку перфекционизам, а повеќе оптимизам и Вашите утра ќе се променат на подобро. Сепак, ако не се погрижите прво за себе, како можете да се грижите за другите?

Имајте прекрасни утра и уште поубави денови!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЉубовта е еднаква за сите
Следна објаваКреативна кампања | Book Buddies
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР