10

Нобелова награда – престижна награда со традиција од 1901 година во чест на Алфред Нобел и почитување на неговата идеја. Според тестаментот на Нобел, постои фонд кој секоја година треба да се распределува во форма на награди на оние кои во текот на годината дале најголем допринос за човештвото во некоја од следниве пет области: физика, хемија, медицина, литература и во полето на одржување и унапредување на мирот во целиот свет. Според тестаментот, наградите за откритијата во областа од физиката и хемијата ќе бидат доделувани од Академијата за науки во Шведска, за медицина од страна на Karolinska Институтот во Стокхолм, за литература ќе одлучува Академијата во Стокхолм, а за наградата за мир ќе одлучува комитет од пет члена. Согласно Нобел, при доделувањата на наградите не треба да се гледа националноста на добитниците туку нивната достојност и придонес за човештвото во целост.

11

Добитници на оваа награда за 2013 се:

Нобелова награда за физика:
François Englert и Peter W. Higgs – за теоретско откривање на механизмот кој придонесува за разбирање на потеклото на масата на субатомски честички, а кој неодамна беше потврден преку откривањето на основните честички преку ATLAS и CMS експериментите;

Нобелова награда за хемија:
Martin Karplus, Michael Levitt и Arieh Warshel – за развој на модели за комплексни хемиски ситеми;

Нобелова награда за медицина:
James E. Rothman, Randy W. Schekman и Thomas C. Südhof – за откривање на механизмот кој го регулира сообраќајот на везикулите, главниот транспортен систем во нашите клетки;

Нобелова награда за литература:
Alice Munro – господар на современиот расказ;

Нобелова награда за мир:
Организација за забрана на хемиско оружје (OPCW) – за долгогодишните напори за елиминирање на хемиското оружје;

The Severiges Riksbank наградата за економија во сеќавање на Алфред Нобел:
Eugene F. Fama, Lars Peter Hansen и Robert J. Shiller – за нивната емпириска анализа на цените на актива.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDesigual | модни додатоци за есен/зима ’13/’14
Следна објаваЕдна масичка, четири нови идеи
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР