Дури и ако не сте од светот на модата, овие денови е речиси невозможно да не го забележите зеленилото кое „никнува“ на парчињата од колекцијата пролет/лето 2023 на Loewe.

Модната ревија беше прикажана во Париз, а според креативниот директор на брендот Џонатан Андерсон, таа го истражува односот помеѓу природата и технологијата (т.е. спојот на органското и вештачкото).

“Вградувањето живи растенија во облеката не беше лесен подвиг, а тоа е резултат на неколкумесечната соработка со шпанската дизајнерка на текстил Пола Уларгуи Ескалона, која започна да ја развива оваа техника за време на нејзината дипломска година на студиите по моден дизајн и комуникација на Istituto Europeo di Design (IED) во Мадрид”.

„Поминавме четири месеци тестирајќи различни облеки [и] растенија што ги сакавме“, изјави Уларгуи за Vogue. „Всушност беше многу предизвикувачки бидејќи сум во Шпанија, па ги одгледував овде и ги испраќав во Париз. Секогаш постоеше страв како ќе изгледаат кога ќе пристигнат”.

Иако зелените модели нема да бидат комерцијално достапни, тие одразуваат поширок потег во модната индустрија – дека е крајно време да се создадат материјали од растителна основа кои всушност имаат позитивно влијание на планетата – а одличен пример се иновациите базирани на алги кои можат да го апсорбирааат CO2 од атмосферата.

НЕМА КОМЕНТАРИ