Модната недела во Париз ни даде можност не само да ги погледнеме новите трендови, туку и да видиме какви комбинации избраа познатите дами.

Како и секоја година, бројни трендсетерки и љубители на модата се собраа по улиците на француската престолнина на модата и го покажаа својот уникатен стил. Освен многубројните изданија и модни идеи кои ги претставија, сите се согласија во едно – кожата несомнено е владетел на модата оваа сезона.

Моделот Бела Хадид се одлучи за комплетна облека од кожа. Таа носеше кожни панталони со видлив штеп, ретро јакна и секси бордо корсет, со додатоци во форма на леопард чанта и црни патенти.

Дека Бела ја освои овој тренд, говори и тоа што ден пред тоталното кожно издание, беше облечена во кожно здолниште кое неочекувано го искомбинирала со патики и топ со прерамки.

Иако во минатото кожата се поврзуваше исклучиво со бунтовничка, рокерска конотација, Оливија Палермо покажа дека тоа не е така. Таа носеше кожа на посмирен начин и докажа дека кожните панталони сега се погодни за повеќето ситуации – од работа до ручек или семејно дружење. Таа носеше кулот панталони со длабоки црни чизми и со тоа ги избриша границите во комбинирањето на кожните парчиња оваа есен.

Манекенката Хејли Бибер демонстрираше дури две кожни комбинации во Париз. За дневната верзија облекла феноменална кожна јакна со нагласени раменици, која одлично ја искомбинирала со карго панталони и високи потпетици.

Додека за вечерното издание манекенката облекла јакна од крокодилска кожа која беше ѕвезда на целиот аутфит.

И богатата наследничка Никола Пелц не можеше да одолее на кожните парчиња. Минијатурниот црн фустан младата Никола го усогласила со долго кожено палто и чизми на висока платформа.

НЕМА КОМЕНТАРИ