Нов тренд ги зафати социјалните мрежи по кој полудеа многу љубителки на модата. Дали ви се допаѓа овој тренд, одлучете сами во продолжение.
Новиот тренд ни носи една многу необична и интересна комбинација за која всушност ќе треба да бидете свој мајстор или своја шивачка.
Она што ви е потребно за да го изведете овој тренд се високи чизми и стари, истрошени фармерки со широки ногавици. Ќе ви требаат и ножици бидејќи за овој тренд треба да им го отсечете дилниот дел на фармерките и да ги повлечете преку чизмите.