Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“.

Билјана Тодороска – BRILLO, Calm cosmetics, Јulie Decoupage, Esoapery, ЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joy, Filigree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral Jewelry, Morpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUET, Блумен и Арт 2005 и Equilibrium fine arts… 21 „артизанс“, индивидуалци – уметници, ќе ги претстават своите најнови уникатни колекции на производи рачно изработени, кои ќе внесат колорит и радост во празнувањето на Денот на жената.
Во рамки на маркетот ви ги нудиме и светски познатите брендови: Philips personal care & Нептун, Hi Store со брендот Dyson, SolisSilver и Keyra Cosmetics – Шпанија.

Природни и вегански козметички производи за природна нега и убавина на целото тело, уникатни ароматерапевтски производи, кои пленат со својот шарм, дискретна колоритност и неодоливи миризливи комбинации.
Креативци, кои ќе се претстават со еклектичен накит. Уметници, кои не се плашат да експериментираат, храбро концепираат, конструираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина.
Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку филигранската техника, авторките ги раскажуваат своите приказни, на еден модерен и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие.

На овој уникатен базар ќе пронајдете и чанти и аксесоари изработени од трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила, како и еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба.
А светски познатите брендови ви подготвуваат вистински изненадувања, кои ќе ви помогнат како да дојдете до лесно решение за здрава и сјајна коса и како да го негувате вашето тело.
Ние знаеме што дамите сè уште сакаат.
Допрете ги најубавите срца и сакајте ги безусловно. Прославете со посебен подарок. Придружете ни се во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобриот уличен стил за време на модната недела во Париз – пролет 2023 година
Следна објава„Фамилија“ изложба на скулптури од Синиша Новески во КИЦ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ