Преку повеќе од 100 години, Нобеловата награда беше признаена од страна на најдобрите и најсупериорните во поглед на човечките достигнувања, од областа на литературата и науката (физика и хемија), областа на медицината како и Нобеловата награда за мир која е дадена на „лицето кое има направено најмногу или најдобро дело за братството меѓу нациите, укинување или намалување на постојаните армии и најважно од се’, за одржување и унапредување на мирот“, според последната волја која остана да живее како завет дури и по смртта на основачот Алфред Нобел.

Но, потеклото на Нобеловата награда и животот на Алфред Нобел кажуваат многу поинаква приказна, отруена од смртта на мртвите, нераскажани приказни на илјадници луѓе.

.1.

Алфред Бернард Нобел е роден во 1833 година, во Стокхолм, Шведска. Неговиот татко, Имануел Нобел, пронаоѓач и инженер, кој финансиски се бореше највеќе време во својот живот. Принуден да прогласи банкрот, Имануел заминува од Шведска и почнува да работи во Санкт Петербург, Русија, каде што го импресионира царот со еден од своите пронајдоци – подземни експлозивни мини кои што би можеле да спречат поморска инвазија.

Кога конечно ја постигнува својата мерка за успех, Имануел ги води својата сопруга и осумте деца во Русија. Неговите синови го добиваат формалното образование и еден од нив, Алфред под строго руско туторство учи неколку јазици, како и хемија, физика, поезија и природни науки. Бидејќи Нобел сениор не го одобрува интересот за поезија на Нобел јуниор, тој го испраќа својот син во странство за да учи хемија и инженеринг. За време на студирањето во Париз, Алфред го запознава италијанскиот хемичар Асканио Собреро, кој во 1847 година го измислува нитроглицеринот (масниот, течен експлозив) кој го создава преку комбинација на глицерин со азотна киселина и сулфурна киселина.

Иновации од трагедијата: Иако нитроглицеринот се сметаше за премногу опасен за да се стави во практична употреба, семејството Нобел кое во моментов поседуваше неколку профитабилни претпријатија во Русија и Шведска – продолжи да го истражува неговиот потенцијал за комерцијална и индустриска употреба.

 Но, нивните барања имаа трагичен резултат: во 1864 година, помладиот брат на Алфред, Емил како и неколку други лица трагично загинаа во експлозија во една од нивните фабрики во Шведска. Несаканата катастрофална трагедија и жалост го охрабри Алфред да се обиде да најде начин да го направи нитроглицеринот безбеден. Успехот не дојде лесно – раните експерименти кои што беа вклучени во детонација на нафтата, т.е мешавината на нитро и барут, што повторно резултираше со неколку смртоносни експлозии кои одзедоа животи на 15 луѓе при екслозија на магацин во Сан Франциско.

Конечно, во 1867 година, Алфред отрива дека со мешање на нитроглиценирот со Дијатомејска земја (на германски позната како kieselguhr), како резултат на сложена, стабилна паста која што може да се обликува во кратки стапчиња кои што рударските компании може да ги користат за експлозии преку карпа. Нобел го патентира овој изум под името „Динамит“, со потекло на зборот dunamis од грчки, што значи „моќ“.

Пронаоѓањето на динамитот внесе револуција во рударството, градежништвото и индустриите за уривање – железничките компании сега можеа со сигурност да поставуваат екслозии низ планините, да отвораат пејсажи на површината на Земјата од аспект на истражување и трговија. Како резултат на тоа, Алфред Нобел кој на крајот достигна 355 патенти, прерасна во сопственик на фантастично богатство.

 Трговец на смртта: Динамитот, се разбира, имаше и други значења – така да, не помина премногу време пред воените власти да почнат да го користат како предност во војувањето, вклучувајќи ги динамитните топови кои беа користени за време на шпанско-американската војна. Иако тој е најкредитиран да биде наречен пацифист, не е познато дали Нобел го одобрил својот пронајдок за воена употреба или не.

Сепак, тој дозна што светот мислеше за неговиот пронајдок кога во 1888 година почина неговиот брат Лудвиг. Иако постоеја извесни новинарски грешки, некрологот за Алфред (наместо Лудвиг) Нобел беше објавен при што тој го согледа презирот затоа што заработи милиони за сметка на масовна смрт. Откако еден француски весник напиша “Le marchand de la mort est mort,”, односно „трговецот на смртта е мртов“, јавноста сфати дека некрологот беше одговор на револтот на јавното мислење дека Нобел беше опишан како „човекот кој заработи преку начин да убие повеќе луѓе оддеднаш многу побрзо отколку кога и да било дотогаш.“.

Нобел, очигледно, бил фрапиран кога го прочитал истото и инстантно одлучил дека мора да направи нешто што ќе го подобри неговиот имиџ и наследство. Тука се случува еден пресврт околу тоа како би сакале да бидете запаметени. Една година пред неговата смрт во 1896 година, Алфред Нобел ја потпишува својата последна волја и завет, каде го издвојува поголемиот дел од сопствениот имот за утврдување на 5 Нобелови награди, каде што најважната од истите е одржување на мирот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваRalph Lauren | Прошетка со кучиња
Следна објаваУдобна библиотека | OpenBook
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР