,,Црвена” (,,Red’’) е две и полминутен анимиран филм од Hyunjoo Song, со модерна нарација на добро познатата детска бајка за Црвенкапа. Ако во првата приказна мајката мораше да ја предупреди најмногу да внимава на волкот, овојпат, таа, на патот до баба и’, заминува наоружана со сопствените стереотипи и предрасуди за него.

Во фокусот е погрешната перцепција која ја стекнуваме за луѓето, при што лесно ги осудуваме оние кои со грубата надворешност, изгледот и првиот впечаток што го оставаат за себе, ни будат чувство на одбивност, без воопшто да се потрудиме да ја запознаеме нивната душа. Од друга страна, ,,паѓаме’’ на милиот и кроток призор, на оние кои зад маската на добродушност кријат лицемерие, злоба и пакост. Понекогаш, зад кожата на волк можеби се крие кротко јагне. Погледнете го видеото и препознајте ја мудрата порака која ја носи.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛакови за нокти кои ќе се носат ова лето!
Следна објаваЗлосторство и казна – Фјодор М. Достоевски
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ