Странецот – Албер Ками

Типично за Ками, протагонистот во неговиот прв роман го концепира својот живот врз апсурдие, станувајќи случаен злосторник и осуденик на смрт кој практично доживува крах во лавиринтот на туѓите морални вредности. Апсурдот влече низа вечни морални дилеми околу дефинирањето на животот, откривањето на неговата суштина и значење, прашањето на смртта, креирајќи своевиден конфликт помеѓу ирационалноста и носталгијата по она логичното, поентирајќи кон смислата.

Но, и покрај се – живеењето тука и сега е несомнено причински, за кое говори примарната селектираност на човекот од ѕверовите, правејќи го благословен помеѓу живите битија со способност за размислување, расудување, избор. Побуна против животните неприлики… особина која Мерсо, несвесно ја потиснува. Луѓе живеат во психичка чума и вечна потрага по смислата, додека тој е индиферентен и незаинтересиран околу сопствениот животен став. Поврзаноста со религијата, е особено евидентна при потенцијалниот обид да се објасни апсурдниот лик – „Почитувај ги своите родители“, стои во 10те Божји заповеди; а Мерсо, нон-шалантно и самоуверено пали цигара на бдеењето на мајка си. „Сакај го ближниот свој“, налага Бог; додека Мерсо е апсолутно незаинтересиран за Марија, дактилографка чиј стремеж за љубов е нејзин единствен грев. И единствена грешка. Најбитно, Бог рече „Не убивај“; а Мерсо дополнително упатува непотребни куршуми во веќе безживотното тело на неговата случајна жртва. Иритантниот мир и рамнодушноста се негови иманентни сопатнички долж целиот роман – пријателите, Марија, соседите… само ликови кои туку-така се дел од неговиот живот, без да им придаде никакво значење или вредност. Животна рамка исклучена од екстерниот свет, загушена во едно ефтино и монотоно секојдневие. Секојдневие кое по фаталната случка, се премостува во затворот.

Не сведочи лажно против својот ближен“, Божји зборови кои неговите познаници ги заобиколуваат со цел да го спасат, но бесполезно – бесчуствително и бесцелно, револтот се конечно се појавува очи во очи со смртта, предизвикан од тоа што никој не успеа да ги сфати правилата на неговата игра! Убеден дека смртта не е полоша од самиот живот, Ками со својот маркантен филозофски концепт го прикажува она најлошото во човека: да се биде сам на себе странец, и истото да се прифати со апсурдна индиферентност.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШашави предмети
Следна објаваХотелски приказни | премиера
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР