Паднати ангели – Трејси Шевалие

padnati_angeliАртистиката е повторно врзана на стилот на Шевалие, позната авторка на „Девојката со бисерна обетка“ и „Дамата и еднорогот“ – овој пат, насочена кон литературна и уметничка опсервација на преодниот период меѓу Викторијанската ера: со своите строги општествени кодови и елаборат посветен на комеморацијата на мртвите; наспроти современиот свет каде што религијата ја губи својата вредност и смртта не е веќе славна. Оваа промена влече корени од Британија за време на владеењето на кралот Едвард VII. „Паднати Ангели“ на тој начин започнува ден по смртта на кралицата Викторија во 1901 година, го следи текот на мохархијата на нејзиниот син-мохарх и завршува ноќта пред погребот на кралот Едвард во 1910 година.

Сосетките Кити Колман и Гертруд Вотерхаус се различни како ден и ноќ – рационална и неуморлива сопруга, дама на новото време, Кити ужива во нејзината улога на мајка и во нејзината општествена афирмација; додека Гертруд е цврста и среќна жена, која живее според Викторијанските обичаи и истиот став го пренесува на своето чедо. Хоророт започнува кога нивните ќерки, Мауд и Лавиј ќе станат најдобри пријателки и двете семејства ќе бидат принудени на комуникација, при што, не само што ќе се посочи генезата на нивната меѓусебна борба и надминување на пречките, туку и генезата на преминот во една нова Англија, Англија која се движи кон новиот век. Потпирајќи се на нивното запознавање на лондонските гробишта, каде и обете семејства поседуваат соседни парцели, не е изненадувачки што Шевалие често низ романот е морбиден илустратор на дружењето на двете девојки позади надгробниот сентиментален ангел, дружење на кое се приклучува и синот на гробарот, Симон (сосема недоветен и дрзок тинејџер). На особено разочарување на нивните мајки. Колку и да се различни, Кити и Гертруда, колку и да се несогласни околу борбата за женското право на глас, толку и се обединети во улогата да се биде мајка. Судирот на овие две семејства како две огледала на старото, викторијанско и новото, модерно време во стереотипен судир каде целата студија на женски карактери се сведува на хипотетички и радикални предрасуди.

Потресна приказна за две семејства кои неволно егзистираат во заедница – интимна струдија за јачината на детското пријателство, сексуалното будење и човековите слабости. Како што насловот имплицира, падот на ангелите не означува среќен крај… наместо тоа, два од водечките ликови завршуваат на гореспоменатите парцели. Сепак, епскиот замав на Шевалие во суштина, го опфаќа и менувањто на една нација, преминот кон новото време и испитување на најцврстите верувања.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХит бои за лето 2015
Следна објаваТанц во Цирих
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ