Со доаѓањето на новата сезона на сцена настапуваат и нови бои. Следните три бои можете да ги комбинирате скоро во сите можни комбинации. Тие се модерни и привлечни и со сигурност ќе ви помогнат да бидете модерни и едноставно да блескате ова лето.
1.Бела
Иако белата боја се смета за класична, факт е дека таа стои убаво на сите од нас. Најдоброто нешто е тоа што таа се комбинира со сите останати бои. Тренди ова лето е да се облечете во бела боја од глава до петици. Ви препорачуваме здолништа во бела боја или широки панталони, а секако ќе изгледате многу привлечно ако облечете бел фустан или бела блуза.
2. Класична плава
Како класичната плава секако и другите нијанси на оваа боја како на пример тиркизната и аквамарин се подеднакви модерни ова лето. Можете да ги носите во секоја прилика. Класичната плава најчесто го има приматот на најелегантна боја заедно со црната боја. Панталони, маици, ремени, очила и други аксесоари се прдлозите за ова лето во оваа боја.
3.Мандарина
Нежна и пријатна за око оваа боја е вистински хит и тоа веќе неколку сезони по ред. Фустани, блузи, здолништа, капри панталони се предлозите за ова лето.
Пробајте ги предложените бои и секако нема да останете незабележани!!