Денес се одбележува Меѓународниот ден на Музеите во светот и кај нас. Мистериозните врати кои ни ги отвораат музеите каде во тишината на музејските сали можеме да го почувствуваме здивот на антиката која не враќа во некојси славни историски мината, при тоа создавајќи чувство на восхит за достигнувањата на некои претходни генерации, ние посетителите и вљубениците во уметноста се збогатуваме со нови искуства и ги прошируваме нашите хоризонти.


Им го честитаме денешниот празник 18ти Мај на сите музејски работници во нашата земја, и им благодариме  за нивното светло зрачење на иницијација што ни го прават животот духовно побогат отварајќи ја устата кон окото за секоја нова изложба и посакуваме што побрзо да се отворат овие културни институции за да можеме да и понатаму да уживаме во уметноста, да се дружиме и  меѓусебно да  споделуваме различни искуства, а мистериозните излози да ни раскажуваат за некои дамнешни приказни и вредни факти.

(Музејот на Република Северна Македонија ќе го одбележи овиј празник поставувајќи на Јутјуб каналот документарни филмови на тема ,,Музеите за еднаквоста: Различност и инклузија”

 

НЕМА КОМЕНТАРИ