Првата генерација на уметници во Македонија со завршена ликовна академија Лазар Личемовски, Никола Мартиновски, Димче Тодоровски, Димитар Пандилов, Вангел Коџоман, Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо во бившата држава Југославија работеле индивидуално ширум целата земја. Во тоа време не постоеле услови слободно да се развива дејност која ќе биде врзана за родната грутка од која тие потекнувале.  Во текот на народната револуција оваа пионерска генерација здружена со заедничка мисла и желба да се даде придонес на полето на уметноста создава група зголемена со ужте неколку нови членови-уметници. По ослободувањето го форнираат првото Здружение на Ликовни Уметници на Македонија. Задачите биле тешки, требало да се постават темелите на уметност која би имала една од главните улоги во општествениот и култѕрен живот. Основана е првото уметничко училиште кое покрај својата творечка дејност се занимава и со педагошка работа. Уметниците го пренесуваат своето знаење на првите повоени генерации.

●▬▬▬▬๑۩۩๑▬▬▬▬▬●●▬▬▬▬๑۩۩๑▬▬▬▬▬●●▬▬▬▬๑۩۩๑▬▬▬▬▬●●▬▬▬▬๑۩۩๑

Лазар Личеновски, (познатиот колорист ја овековечи својата родна земја во безбројните пејсажикои претставуваат значајни документи за историјата на современата македонска уметност.

Никола Мартиновски, (виртуозниот цртач на трепетливи силуети полни со лирика ќе на идните генерации да им ги покажат обичаите на нивните предци. 

Димитар Пандилов, (искрениот интерпретатор на импресионистичкиот пејсажист меѓу кои познатото дело ‘Вагони’.

Вангел Коџоман, (акварелист, остави зад себе забележливи делансо одлична техника.

Томо Владимирски  својата креативност ја има посветено на сценската уметност и се смета за пионер на македонската театрска уметност.

Василије Попвиќ-Цицо,( сензибилниот акварелист кој се одал на карикатурата, тој во своите цртажи ги изнесува на површина сите човечки мани и тоа на многу духовит начин.

Димо Тодоровски,( реалист, мајстор на слуптурата, покрај низата портрети и фиргри остава и цел циклус на теракоти. Неговото последно дело Јама е најдобро доживеана мачна за желба за живот. Тоа е еп, симбол за страдалниците и нивните маки за време на окупацијата на земјата создадена на скулптурален начин.

 

Архива ЗаУм – архива на настани поврзани со современата македонска ликовна уметност.

Извадок од текст од Нова Македонија бр.4604

Авторна текстот,Елена Моцан

НЕМА КОМЕНТАРИ