Кога станува збор за модните додатоци, секој од нив носи посебна приказна и важност во сезоната во која доминира.
На пролет и лето, главни се лесни марами, очила за сонце, сандали и влечки, додека за време на есен / зима сезоната, шалови, капи, ракавиците и чизми со право го заземаат своето место на врвот на нашата must have листа.
Како што и самите знаете, многу брендови веќе ги претставија своите колекции за зима, а сега им се придружува и Изабел Марант. Познатата модна куќа ја ангажираше Тејлор Хил да ја започне својата кампања есен / зима 2020 година, каде чизмите се во центарот на вниманието.
Тејлор позираше пред објективот на Марко Рабадан, каде носи елегантни комбинации на облека, нагласени со парчиња накит, чизми и чанти.
Длабоките чизми, кои одат скоро до колена, се нагласени со шармантни потпетици и метални детали, кои лесно можат да станат вашиот омилен дел од сезоната есен / зима.